ЕУ го потврди затворањето на Шенген зоната


 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека на маса е привремено затворање на Шенген зоната.По видеоконференцијата со лидерите од Г7 групата, Фон дер Лајен ја потврди информацијата на медиуми денеска дека поради коронавирусот се подготвува затворање на Шенген зоната.

-Ги информиравме нашите партнери од Г7 дека сакаме да воведеме привремени рестрикции за патувања кои не се неопходни за да не се шири вирусот, треба исто така да избегнуваме патувања кои не се неопходни за да не се зголеми притисокот врз нашите здравствени системи, ќе има исклучоци за доктори, медицински сестри, научници кои работат на коронавирусот како и лица кои работат преку границата, изјави Урсула фон дер Лајен.

На прес конференцијата Фон дер Лајен и Мишел порачаа дека иако треба да се гарантира интегритетот на внатрешниот пазар на ЕУ и слободното движење на добра, главен приоритет за ЕУ е здравјето на граѓаните и ограничување на заразата.

-Им ја должиме вистината на граѓаните, оваа криза е сериозна, таа ќе биде долга и тешка, треба да бидеме обединети и солидарни, треба да и да ги повикаме граѓаните на самодисциплина, секој треба да ги почитува препораките на властите, сите треба да бидеме одговорни чинители, изјави Мишел.