ЕУ го критикува теророт на Русија врз Украина


Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го осуди „теророт“ што најновите руски ракетни напади и го нанесуваат на Украина.

„Овие сурови, нехумани напади имаат за цел да го зголемат човечкото страдање и да го лишат украинскиот народ, но и болниците, итните служби и другите критични услуги од електрична енергија, греење и вода“, се вели во соопштението на Борел.