ЕУ ги осудува „срамните судења“ на белоруските активисти


Алес Бјалијацки за време на минатогодишниот процес за затајување данок (Фото: АФП)

Белгија– Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел порача дека Алеш Бјалијацки и другите белоруски активисти се осудени на затвор врз основа на „лажни и политички мотивирани обвиненија“.

– Европската Унија најостро ги осудува нивните срамни судења, кои се само уште еден пример за тоа како режимот на (Александар) Лукашенко се обидува да ги замолчи оние кои се борат за човековите права и основните слободи на белорускиот народ, рече Борел.

Белорускиот претседател Александар „Лукашенко нема да успее. Нивниот повик за слобода е гласен, дури и зад решетки“, додаде тој.

ЕУ повикува на ослободување на повеќе од 1.450 политички затвореници и „е подготвена да реагира на репресијата и кршењето на човековите права“, се додава во изјавата на Борел.

„ЕУ ќе продолжи да ги поддржува сите оние кои храбро се стремат кон суверена, слободна, демократска, безбедна и просперитетна Белорусија“, нагласи шефот на европската дипломатија.