Ето: Барселона е вистинското место за Салах


Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Барселона, Самуел Ето, ја советуваше ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах да се преселеи на „Камп Ноу“.

Египќанецот ја освои Лигата на Шампионите со Ливерпул минатата сезона, но е поврзуван со куп други европски гиганти, меѓу кои најактивни се Реал Мадрид и Јувентус.

– Реал Мадрид ми даде можност да излезам од Африка, но го познавам стилот на Барселона и сметам дека таму Салах ќе одговара подобро. Ако тој има шанса да игра во најдобриот шампионат на светот, кој е шпанскиот, треба да потпише со Барселона. Мо има се што е потребно, за да биде најдобриот во светот, изјави Камерунецот.