Етна ги приземји сите летови до и од Сицилија (видео)
На аеродромот во италијанскиот град Катанија на Сицилија денеска поради еруптивна активност на вулканот Етна и вулканската пепел во атмосферата, прекинати се сите влезни и појдовни летови.
Летовите ќе бидат откажани или пренасочени кон други аеродроми, соопшти компанијата која управува со аеродромот.
Аеродромот ќе почне да работи кога ќе заврши ерупцијата на пепел, пренесува Анса.
Just arrived on holiday in Sicily yesterday and woke up early to see this treat 😀 Mount Etna pic.twitter.com/OJkOGLaib3
— karen 🦋✨ (@kaz201935) July 23, 2024
Етна, еден од најактивните вулкани во светот, исфрлаше врела пепел и лава на почетокот на овој месец, а аеродромот во Катанија беше затворен.
🇮🇹In Sicily, a classical music concert was held in the ancient Taormina Theater against the backdrop of the erupting Mount Etna volcano 🌋
That's great!! 💪💪😍 pic.twitter.com/3EUH8jJZTj
— Interesting Channel (@ChannelInteres) July 22, 2024
Аеродромот во Катанија е центар за источна Сицилија и има повеќе пристигнувања од аеродромот во Палермо, најголемиот град на тој италијански остров.