„Етихад ервејс“ ги плаќа трошоците за лекување ако патници се заразат со корона

 

Авиономпанијата „Етихад ервејс“, со седиште во Абу Даби, во понеделник соопшти дека ќе ги покрие трошоците за лекување и карантин доколку некој од патниците се зарази со корона вирусот на нивните летови.

Авиокомпнаиите ширум светот се обидуваат да пронајдат начини да ја стимулираат побарувачката која е погодена со пандемијата, а се очекува дека ќе им биде потребна една година за да се опорават, пренесе Ројтерс.

Трошоците за лекување до 150.000 евра и трошоците за карантин до 100 евра дневно во текот на период од 14 дена ќе ги покрие „Етихад“ за своите патници кои би се заразиле со вирусот во рок од 31 ден од првото патување.

Осигурувањето против Ковид-19 вклучено е во цената на авионските билети за патување до крајот на годината, и важи низ целиот свет, а се неуди во партнерство со осигурителната куќа „Акса“.