Естонија прв противник на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026


Македонската ракометна репрезентација денес ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Естонија. Селекторот Кирил Лазаров ја прифаќа фаворитската улога. 

-Пред нас се натпревари со Естонија и со Литванија. Не бегаме од фаворитската улога, но исто така и ги респектираме противниците. Секој нов почеток е тежок, па затоа и овие квалификации мораме да ги почнеме со максимално залагање, истакна Лазаров.

Натпреварот со Естонија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 20 часот. 

Другиот натпревар од 1.коло во Групата – 1 ќе се игра утре, Словенија ќе ја пречека Литванија.