ЕСМ најголем загубар меѓу државните компании


Фото: Б. Грданоски

Со загуба од 1.033.100.724 денари (околу 16,8 милиони евра), направена во 2020 година, државната компанија која го раководи домашното производство на струја – Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е најголемиот загубар меѓу државните компании и јавните претпријатија. Порталот Pari.com.mk во соработка со БизнисМрежа.мк ја анализираше профитабилноста на компаниите од државниот сектор, а податоците се запрепастувачки – долга листа на загубари и тоа од најсуштествените дејности – енергетика, транспорт, навигација, национална шума, паркинизи

Само првите 5 најголеми загубари од државниот сектор– енергетските компании за производство на струја и за високонапонската мрежа ЕСМ и МЕПСО, потоа двете компании од железничкиот сообраќај Железница – Инфраструктура и Железница – Транспорт и АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ направиле вкупна загуба од 47,8 милиони евра.Она што е опасно за загубите на компаниите од државниот и од јавниот сектор што тие директно преку цената, или индиректно преку услугите, удираат по грбот на народот.

Државната компанија ЕСМ е рекордер не само по загубите, туку и по бројот на вработени, по направените приходи, но и по направените расходи. Компанијата има дури 4.802 вработени, а во 2020 година реализирала приход од 12.015.429.364 денари (околу 195,4 милиони евра) и расход од 13.048.530.088 денари (околу 212,2 милиони евра).