ЕСМ: Греење ќе има цел декември
АД ЕСМ ги известува граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС и топлинска енергија од ТЕ ТО.
АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови.
ЕСМ ги демантира написите на ТВ Телма дека гас има за еден ден. Редакцијата пред два дена доби одговор од АД ЕСМ дека компанијата располага и со гас и со средства за набавка на гас и дека нема никакви проблеми околу испораката на греење за Скопје во следниот период.