ЕСМ ги подготвува хотелот Молика и ски-центар Копанки за зимската сезона


– АД ЕСМ ги подготвува хотелот Молика и ски-центар Копанки за престојната зимска сезона. За таа цел, информираат од компанијата, викендов беше организирана работна посета на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски со претставници на РЕК Битола, Елемтурс, хотел Молика и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД Битола на која беа запознати со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона.

-На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата, хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагање се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа, соопштија од АД ЕСМ.

Нагласија дека во текот на летната сезона во хотелот Молика се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.