„ЕСМ Дистрибуција на топлина“ ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот „Беласица“ во најкраток можен рок


 

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании, соопштија денес од „ЕСМ Дистрибуција на топлина“.

„’ЕСМ Дистрибуција на топлина’ ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок“, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека и покрај опожарувањето на мостот „Беласица“, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.