Ескалација на судирот: Израел прати тенкови на границата со газа


 

Судирите на израелската војска и палестинските сили продолжија и денеска, а во изминатите 24 часа испалени се повеќе од 400 ракети на Израел.

Во нападите убиени се најмалку шест Палестинци, вклучително и една трудница и нејзиното бебе, како и еден Израелец, пренесе АП.

Сирените за воздушна опасност, кои се огласија ширум јужен Израел, се слушаа во текот на целиот ден и навечер додека ракетите упорно беа истрелувани.

Израелскиот одбранбен систем Железна купола пресретна повеќе десетици проектили.

Воздушните напади во знак на одмазда предизвикаа големи експлозии ширум Газа, додека облаци чад се издигнуваа во воздух.

Министерството за здравје од газа соопшти дека едно 14-месечно дете е убиено во воздушен напад на Израел, кој погоди во куќата на истокот на Газа.

Трудната мајка на бебето (37) е тешко ранета, а подоцна починала во болница, додаде министерството, истакнувајќи дека уште едно дете е повредено.

Три Израелци се ранети откако ракета е лансирана од газа и ја погодила фабриката во градот Ашкелон. Двајца се во критична состојба, според извештаите на РТ.

Ова го објавија и многубројни израелски медиуми, кои јавуваат за палестинскиот напад со ракети на Ашкелон, град на некои 50 километри јужно од Тел Авив.

Ракетата која ги рани луѓето долета од Газа, а Бенјамин Нетанјаху порано најави одлучен одговор на израелската војска.

Израелската војска прати дополнителна тенковска бригада на границата со појасот Газа и се подготви за продолжување на судирот.