Ерменскиот премиер не гледа веќе можност за дипломатија и повика Ерменците да земат оружје в раце
Ерменскиот премиер Никол Пашињан се откажува од претходните повици за дипломатско решавање на конфликтот со Азербејџан околу спорниот регион Нагорно Карабах. Најжестоките борби меѓу земјите траат речиси еден месец.
– За конфликтот околу Нагорно Карабах нема да има дипломатско решение долго време, изјави тој во видео порака на Фејсбук, обвинувајќи дека Азербејџан не е неподготвен за компромис.
– Сите надежи за дипломатско решение мора да се сметаат за завршени. Ние секогаш велевме дека сме подготвени да го решиме прашањето врз основа на компромис. Но, тоа што е што е прифатливо за ерменската страна, сега е неприфатливо за азербејџанската страна, нагласи тој.
– Во сегашната ситуација нема друг излез освен со оружје в раце да се бориме за правата на ерменскиот народ. Денес треба да земеме оружје и да продолжиме да ја браниме татковината. Само на тој начин можеме да постигнеме дипломатско решение прифатливо за нас. Будејќи Азербејџан не се согласува за ништо друго освен со капитулација на Нагорно Карабах, рече Пашињан.