Ерменија потклекна – бара преговори за прекин на огнот

 

Ерменија ќе соработува со Русија, САД и Франција на договор за прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Оваа одлука Ерменија ја донесе затоа што се повеќе расте бројот на жртви во судирот кој пред шест дена почна околу отцепувањето на енклавата на југот на Кавказ, наведува Ројтерс.

Азербејџан, кој се бори против ерменските сили во Нагорно Карабах, не одговори на повикот за договор за прекин на огнот кој го упатија трите земји со поддршка на Организацијата за безбедност и соработка (ОЕБС) на Минската група, кои посредуваат во договорот.

Објавено е дека загинале 21 цивил, а дека повредени се повеќе од 60 луѓе во планинска населба која припаѓа на Азербејџан, но главно населена со ерменско население.

Обвинителството на Азербејџан соопшти дека досега убиени се 20 цивили и ранети 55 во нападите на ерменските сили. Азербејџан не соопшти ништо за жртви меѓу припадниците на вооружените сили.

ОЕБС повика на моментален преник на огнот за да се овозможи репарација на остатокот на загинатите војници.