Ерменија почна рускиот гас да го плаќа во рубли


 Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубли, изјави за РБЦ, министерот за економија Вахан Керобјан.

– Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубли, но, по соодветен курс, појасни министерот.

Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубли.

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април најави дека Минск во рубли ќе ги плаќа испораките на нафта и гас од Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ за таканаречените „непријателски земји“ да го плаќаат рускиот гас во рубли.

Под „непријателски земји“ спаѓаат оние, што воведоа санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.