Ерменија и Азербејџан се согласија да одат на разговори во Москва


Министерствата за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан денеска потврдија дека шефовите на нивните дипломатии ќе отпатуваат во Москва на разговори за надминување на актуелниот конфликт во Нагорно-Карабах, соопошти руското Министерство за надворешни работи.

Британските медиуми пренесоа дека рускиот претседател Владимир Путин ги повика двете делегации на преговори за решавање на конфликтот во спорниот регион.

-Баку и Ереван потврдија дека ќе учествуваат во преговорите во Москва. Подготовките се во тек, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Азербејџан на разговорите ќе го претставува министерот за надворешни работи Џејхун Бајрамов, а Ерменија нејзиниот шеф на дипломатијата Зораб Мнацаканијан.