Ерменија и Азербејџан ќе прават „Охридски договор“ кај нас


Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека по примерот на српско-косовските преговори што се одржаа во Охрид под покровителство на САД и на ЕУ, наскоро во Македонија треба да се одржат преговори и меѓу Ерменија и Азербејџан кои со децении се во конфликт.

Идејата е иницирана од нашиот министер а целта е да се претвори Охрид во центар за медијаторство  и дијалог на ОБСЕ во кој ќе се бараат решенија не само за регионалните спорови туку и пошироко.