Ердоган во водство по пребројани четвртина од гласовите
Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган води на почетокот од пребројувањето на гласовите на изборите во Турција. Овие резултати дојдоа откако Врховниот изборен совет ја укина забраната медиумите да објавуваат резултати пред 21 часот по локално време.
Според податоците, според 23,58 отсто од пребројатните гласови, Ердоган освоил 54,63 отсто, а неговиот главен кривал, Кемал Киличдароглу 39,4 проценти. Во гласови тоа 6,2 милиони наспроти 4,6 милиони.
Но ова е многу рано за донесување конкретни заклучоци, затоа што не се знае од кои региони стигнале гласовите што се пребројани.