Ердоган: Турција стреми кон полноправно членство во ЕУ


Турција останува приврзана на својата определеност за членство во Европската унија, иако европскиот блок не ги исполни своите ветувања, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Најавувајќи серија правосудни реформи, Ердоган посочи дека ќе бидат забранети само „проблематичните“ делови од веб страните, наместо целосна забрана за пристап.

Онлајн енциклопедијата Википедија е блокирана во Турција од 2017 година, согласно законот кој им овозможува на властите да забранат пристап до веб страните кои се сметаат за заканата по националната безбедност.