Ердоган: Турција откри 135 милијарди кубни метри гас во Црно Море


 

Турција пронајде ново поле со 135 милијарди метри кубни гас во јуното Црно Море, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, со што вкупната количина на гас која оваа земја ги отркила досега се зголемија на 540 милијарди кубни метри.

Минатата година турскиот истражувачки брод „Фатих“ (Освојувач) пронајде 405 милијарди кубни метри гас во полето Сакарија во западното Црно Море, што е најголемо турско откритие некогаш.

„Нашиот истражувачки брод „Фатих“ откри 135 милијарди кубни метри природен гас во бушотината „Амасра-1“ во полето со природен гас Сакарја“, рече Ердоган на свеченоста во црноморкста покраина Зонгулдак.

„Операциите на испитување околу бушотината продолжувата. Фала Богу, чекуваме нови добри вести од овој регион“, додаде тој.

Турција, која има малку нафта и гас зависи од увозот од Русија, Азербејџан и Иран, како и од гасот од Катар, САД, НИгерија и Алжир.

Минатата година Турција увезе 48,1 милијарди кубни метри гас, шест отсто повеќе од претходната година, од кои третина од Русија.

Турција, исто така, спроведува испитувања во источниот Медитеран во спорното подрачје кое за свое го сметаат Грција и Кипар.Znate li n