Ердоган: Турција ги поддржува „угнетените“ на Кавказ


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција ги поддржува „угнетените“ на Кавказ, каде Анкара го поддржува Азербејџан во жестоките судири против ерменските сили во Нагорно Карабах.

– Ние стоиме покрај угнетените насекаде, од Сирија до Либија, од источен Медитеран до Кавказ, рече Ердоган.

Тој додаде дека Турција деноноќно се стреми да го заземе заслуженото место во глобалниот светски поредок.