Ердоган се заканува: Ќе ви ги пратам терористите


 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека Турција би можела да ги ослободи припадниците на таканаречената Исламска држава и да ги врати назад во Европа.

– Треба да го ревидирате вашиот став кон Турција, која држи толку членови на ИД во затвор и ги контролира во Сирија – рече Ердоган пред новинатите на аеродромот, пред патувањето на САД, пренесе АП.

Тој така реагираше на најновите санкции кои ЕУ ги најави за Турција поради Кипар и додаде дека Турција ќе продолжи да враќа странски припадници на ИД во матичните земји, дури и ако тие одбијат да се вратат.

ЕУ во понеделник го претстави системот по кој че воведува санкции за Турција поради тоа што неовластено објавиле бушење во водите на Средоземното Море кај Кипар, поради експлоатација на гас.