Ердоган: Путин омекна, поспремен е за преговори од претходно


 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во повеќе наврати се обиде да се претстави како медијатор во постигнувањето некој вид мировен договор меѓу Русија и Украина.

Денеска разговарал со новинарите во авионот при враќањето од Азербејџан и сугерирал дека рускиот претседател во последно време е поспремен за преговори за мир од претходно.

Ердоган рекол дека и понатаму се надева на мировна спогодба која би можела да се постигне, додавајќи: „Видов дека Путин е многу помек и поспремен на преговори на оваа тема од претходно“.