Ердоган: Од 31 декември петдневен целосен „локдаун“ во Турција


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави денеска дека од 31 декември во земјата ќе биде воведен целосен „локдаун“ во траење од пет дена поради пандемијата на корона вирусот.

Тој нагласи дека наредбата за останување дома ќе почне да се применува на новогодишната ноќ во 21 часот и ќе трае до 4 јануари.

Ердоган се обрати откако официјалните податоци покажаа дека во Турција дневно се регистрирани рекордни 229 починати од последици на Ковид-19.

Според информациите на Владата, во последните 24 часа се потврдени нови 29.617 случаи на заразени со корона вирус.

Вкупно досега во таа земја од корона вирус се заразени 1.866.345 луѓе, додека 16.646 лица се починати.