Ердоган најавува пресметка со луѓе од својата партија

 

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска најави, неколку недели по изборниот пораз, дека ќе се соочи со противниците внатре во својата партија Правда и развој.

„Додека се бориме со надворешни противници, мора да кажам дека има луѓе внатре во партијата кои работат на наша штета“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.

Тој појасни дека ќе ги повика на одговорност, поради иднината на оваа организација, но не кажа конкретно какви акции планира да преземе.

Турската врховна изборна комисија порано делумно ги отфрли жалбите на Ердоган во делот кој се однесува на илјадници гласачки ливчиња за кои неговата партија тврди дека не се прифатливи поради претходните владини уредби.

КОмисијата се уште не донесе одлука за поништување на изборите во истанбул поради останати непрвилности во текот на гласањето, вклучително и внесување податоци за гласањето, или гласање на луѓе, кои според АКП се мртви или неподобни или гласале два пати, пренесе Ројтерс.

Како што потсетува агенцијата, по 17 дена приговори и повторно пребројување кандидатот на турксата опозиција Екрем Имамоглу стапи на должност градоначалник на Истанбул.