Ердоган на пат кон нов мандат по половина од пребројаните гласови


 

Со половина од пребројаните гласови актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган е на пат да добие уште еден мандат. Тој засега  има убедлива предност пред кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу.

Од пребројаните 54,63 отсто од гласовите или 105.000 од 192.000 избирачки места Ердоган освоил 51,94 отсто од гласовите, додека Киличдароглу 42,10. Во гласови тоа 13,2 милиони наспроти 10,7. На трето место е националистот Синан Оган со 5,34 отсто од гласовите. Шетвртиот кандидат, Мухарем Инџе, иако во четвртокот се откажа од трката, остана на гласачкото ливче и за него досега се определиле 0,53 отсто од гласачите. 

На 25 отсто од избројаните гласови Ердоган имаше два проценти повеќе, но неговата предност се намалува. Ако се следи оваа траекторија, тогаш прашањето за победникот изгледа нема да биде под прашање, само ќе биде нејасно дали претседателот Ердоган ќе го освои мандатот уште во првиот круг. Но има уште многу гласови за броење, па турските медиуми јавуваат дека ништо не е извесно.

Интересно е што Ердоган засега води, иако тесно во Истанбул, а сигурно во провинциите погодени од катастрофалниот земјотрес кога загинаа 50.000 лица.

Броењето на гласовите за парламентарните избори оди побавно. Досега се избројани 29,5 од гласачките ливчиња. И таму во водство е партијата на Ердоган АКП со 39 отсто пред Републиканската народна партија на Киличадроглу со 21,38 проценти.