Ердоган го потпиша законот за прием на Шведска во НАТО
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го потпиша законот за прием на Шведска во НАТО.
„Ја поздравуваме турската ратификација на приемот на Шведска во НАТО“, напиша шведскиот премиер Улф Кристерсон на Твитер. „Со ова, постигната е клучна пресвртница на патот на Шведска кон членство во НАТО“.
Сите членки на НАТО, освен Унгарија, ја ратификуваа апликацијата на Шведска за приклучување кон воената алијанса, поттикната од руската агресивна војна против Украина.
Непосредно пред потегот на Ердоган, американскиот амбасадор во Анкара Џеф Флејк изјави дека очекува брза продажба на борбени авиони „Ф-16“ на Турција.