Епско лудило над Бахмут


 

Војната за Бахмут, која трае веќе десет месеци, добива епси размери. Иако од градот едвај има останато нешто, руските запаливи гранати паѓаа во ненормални количини во делот што е под контрола на Украина создавајќи слика како на апокалипса.

Ваков напад имаше и пред десетина дена кога Украина ја обвини Русија дека го гранатирала градот  со фосфорна муниција. Снимката од дрон објавена тогаш од украинската војска покажуваше како Бахмут гори додека бел фосфор врне врз градот.

Употребата на оружје со бел фосфор во цивилни области се смета за воено злосторство. Создава пожари кои брзо се шират и кои тешко се гаснат. Поради високата температура на согорување (до 1300 °C), полнењето на фосфор пали сè.

 

Во изминатите неколку дена украинските сили напредуваа во насока Бахмут, враќајќи повеќе од 17 километри квадратни територија и воспоставувајќи контрола над стратешките височини. Украинската контраопкружувачка операција во областа резултираше со деблокирање на главната линија за снабдување што води од Бахмут до соседниот град Часив Јар, кој моментално е целосно под украинска контрола. Во немоќ да го освојат градот, руските сили го разурнуваат а обемот на овој огнен пир и бесцелноста се гледаат на снимките подолу.