Епидемилошкиот пристап ист за ученици и за наставници со корона вирус


Доколку наставник е позитивен на коронавирус се презема истиот алгоритам како и кој и да е позитивен во училиштето. И оставаме епидемилозите да ја проценат ситуацијата, направат анкета и предложат мерки што треба да се преземат итно во училиштето, во одделението, со децата и со наставниците. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за образование и наука Мила Царовска, одговарајќиу на новинарско прашање.

Таа појасни дека доколку наставникот е во можност, ќе држи настава онлајн, во домот, доколку е во изолација.

– Доколку станува збор за наставник кој ќе појави симптоми и ќе треба да има лекување итн., тогаш ќе треба да имаме заменски наставник. Секако, законот тоа ни го овозможува, вклучување заменски наставници заради итни и неодложни работи, рече Царовска.

И министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на истото новинарско прашање, рече дека ако наставникот е позитивен на коронавирус, епидемилошкиот пристап е ист како за ученикот.

-Се е оставено на проценката на епидемиологот и никако нема да се дозволи да има групирање поголемо во клас на деца, над 20 ученици и во рамки на тоа ќе се постапува понатаму со одделението, рече Филипче.