Епидемијата во БиХ никако да стивне, нови 293 заразени


 

Во последните 24 часа во БиХ регистрирани се 13 смртни случаи од последиците на корона вирусот.

Со тоа вкупниот број жртви се искачи на 555.

Во Федерацијата починаа осум пациенти, а во Република Српска пет.

Во Федерацијата се регистрирани 234 новозаразени, а во Република Српска 59.

Од почетокот на епидемијата во БиХ од корона вирус заболеа 18.172 лица.

Во изминатите 24 часа во Федерацијата тестирани се 1.526 примероци, од кои 234 биле позитивни.

Во Република Српска тестирани биле 445 лабораториски примероци, а забележани се 59 нови случаи.