Епидемијата во Австрија не стивнува, Виена критично

 

Во Австрија, во последните 24 часа забележани се 463 нови случаи на зараза со корона вирус, што е трет најголем дневен број забележан од почетокот на епидемијата.

Како и претходните денови, и денеска најмногу заразени има во Виена, каде се регистрирани 149 новозаболени.

Следат Долна Австрија со 92 нови случаи, Горна Австрија со 52, Тиросл до 51 и Форарлберг со 49.

Во моментот во Австрија има 5.505 активно заболени, од кои во болница се 226, за 17 повеќе од вчера, а 44 се на интензивна нега.

Забележани се и два смртни случаи, па бројот на починати во Австрија се искачи на 756.

Од почетокот на епидемијата, кон крајот на февруари, во Австрија се забележани 33.038 позитивни на Ковид-19, од кои 26.780 оздравеа.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, поради превисокиот број новозаболнеи, оцени дека земјата се наоѓа на почеток на вториот бран, и ги повика граѓаните да се придржуваат до мерките.

Од утре стапуваат на сила новите мерки, кои предвидуваат задолжително носење маска во сите затворени простории, како и намалување на бројот лица присутни на собири.