Ендрју Лојд Вебер прими експериментална вакцина против Ковид-19. Сака да докаже дека театрите можат да бидат безбедни


Англија– Ендрју Лорд Вебер (72) волонтираше да прими експериментална вакцина против коронавирус како дел од медицинско испитување.

Наградуваниот композитор, ја објави својата одлука да учествува во студијата во твит, пишувајќи: „Возбуден сум што ќе се вакцинирам за испитувањето во Оксфорд. Ќе направам се за да докажам дека театрите можат повторно да се отворат безбедно “.

Универзитетот во Оксфорд развива експериментална вакцина наречена ChAdOx1 nCoV-19, пренесува BBC. Резултатите од извештаите од испитувањата досега беа ветувачки, а истражувачите имаат регистрирано повеќе од 10,000 луѓе во Обединетото Кралство за следната фаза од медицинското испитување.

Твитот на Вебер доаѓа откако неговиот долгогодишен продуцент Камерон Мекинтош потврди дека тие ја затвориле продукцијата на Вест Енд на мјузиклот „ Фантом во опера“ по 34 години „огромен финансиски хит“ поради пандемијата.

„Згора на сето ова, Ендру и јас моравме за жал трајно да ги откажаме нашите турнеи во Лондон и Велика Британија на мјузиклот, но решени се да ги вратиме во Лондон во иднина“.

Сценските продукции низ целиот свет се речиси откажани среде постојаната пандемија на коронавирус. Во Соединетите држави, Бродвеј е затворен од 12 март.

Бидејќи претставите престанаа, илјадници луѓе во индустријата се без работа – од актерите и музичарите и многу повеќе. Бизнисите на Тајмс Сквер кои зависат од театарските патрони, исто така, забележале значителни загуби во нивните финансии.

Во САД има повеќе од 5.196.500 случаи на Ковид-19 и 165.400 смртни случаи од болести поврзани со коронавирус, објави Њујорк Тајмс.

Во светски рамки, има најмалку 20.445.225 случаи на коронавирус и 745.229 смртни случаи, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс.