Енди Мареј (35) ги врати годините наназад за неверојатна победа во пет сета против Беретини

Шкотланѓанецот и Италијанецот одиграа епски натпревар во првото коло на Австралија опен кој траеше речиси пет часа


 

На теренот каде што толку многу пати му беше скршено срцето, Енди Мареј постигна една од најнеобичните победи во кариерата кога го совлада Матео Беретини во возбудливото прво коло на Австралија опен.

Арената „Род Лејвер“, на која тој загуби пет финалиња во Мелбурн, стана на нозе за да го награди 35-годишниот Шкотланѓанец откако ги задржа нервите да го победи финалистот на Вимблдон во 2021 година во пет сета за четири часа и 49 минути.

Италијанецот беше супериорен играч во последните три сета, но Мареј ги задржа нервите во тај-брејкот на „шампионите“ за да го добие со 10-6. Тој ќе го игра против Фабио Фоњини или Австралиецот Танаси Кокинакис.

Речиси пет часа под блескавите рефлектори на Арената „Род Лејвер“ Енди Мареј сплете радосна, винтиџ изведба што го позиционираше на работ на неговиот најдобар резултат во последните пет години од неговата кариера. Прво воспостави убедливо водство во два сета, а потоа во тај-брејк без здив во четвртиот сет Мареј застана на два поени до победата.

Иако се чинеше дека сиот напор на Мареј ќе биде поништен, бидејќи Беретини го однесе мечот во петтиот сет и беше уште поблиску до победата, Мареј во ниту еден момент не дозволи неговиот интензитет да падне. Се бореше со сѐ што имаше до смрт и на крајот од брилијантниот, возбудлив и квалитетен натпревар, Мареј со класична победа го затвори својот најдобар настап во половинадеценија.

По четири часа и 49 минути на теренот и една спасена меч топка, Мареј го порази Беретини, 13. носител и минатогодишен полуфиналист, со 6:3, 6:3, 4:6, 6:7 (7), 7-6 (10-6) за пласман во второто коло на Австралија опен.

И покрај бруталната ждрепка против еден од најуспешните гранслем играчи од помладата генерација, Мареј не беше вознемирен да се соочи со Беретини. Пред натпреварот, тој истакна колку плодна му била подготовката и цврсто верува дека наоѓа форма.

„Ќе го почувствувам тоа вечерва, но неверојатно сум горд и среќен. Тоа е првпат да одиграм тајбрејк до десет. Тој се врати навистина силен и имав малку среќа на крајот“, изјави Мареј. „Тој сервираше брилијантно и е одличен ривал, па затоа е добро што поминав. „Многу работев последните три месеци со мојот тим, за да ми добијам можност да настапувам на вакви стадиони и вакви натпревари и се исплатеше вечерва“, рече Мареј по мечот.