Ен Хеч не била дрогирана и пијана кога удрила во куќа, покажа аутопсијата


САД- Нема докази дека актерката Ен Хеч била под дејство на дрога кога удрила со својот автомобил во резиденција во Лос Анџелес на 5 август и покрај извештаите што сугерираа поинаку.

Yahoo Entertainment го доби последниот извештај од аутопсијата на Хеч, кој ги вклучува токсиколошките резултати. Тестирана крв на актерката во болницата покажа присуство на бензоилекгонин, неактивен метаболит на кокаин. Тоа укажува на употреба во минатото, потврдува лекарот од Лос Анџелес. Резултатите покажаа и претходна употреба на марихуана, но не во моментот на сообраќајката. Ниту во системот на Хеч не бил откриен алкохол. Шпекулациите дека актерката била пијана  во моментот на несреќата беа поттикнати од сликата на која изгледаше како да се гледа шише со алкохол на предното седиште од нејзиното возило.

Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес претходно изјави за Yahoo Entertainment дека Хеч била под истрага за кривично дело сообраќаен судир пред да биде отстранета од апаратите за одржување. Резултатите од земање крв покажаа присуство на наркотици; сепак беше потребно дополнително тестирање за да се исклучи она што и е дадено медицински. Во конечниот токсиколошки извештај се наведува дека фентанилот откриен во урината на Хеч бил администриран во болница.

Лекарот утврдил дека Хеч починала од вдишување на јаглероден моноксид и термички повреди. Таа беше заробена во својот Mini Cooper околу 30 минути пред да биде спасена од првите екипи. Официјалниот извештај ја наведува фрактурата на градната коска поради тапа траума како уште една „значајна состојба“.

Хеч била хоспитализирана веднаш по огнената сообраќајна несреќа. Таа падна во кома и беше прогласена за мозочна смрт неколку дена подоцна, но беше задржана на апарати за одржување за да може да и се донираат органи. Датумот на нејзината смрт е наведен како 11 август. Таа имаше 53 години.

Ѕвездата на „Шест дена, седум ноќи“ ги остави нејзините два сина, 20-годишниот Хомер Лафон, чиј татко е поранешниот сопруг на Хеч, Колман „Коли“ Лафон, и Атлас (13), чиј татко е  Џејмс Тапер.