Емисијата на Зоран Кесиќ ја напушта ТВ? „Доколку е потребно, ќе продолжиме на Јутјуб“


 

Популарната регионална сатирична емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ е пред затворање на телевизиските екрани или барем принудена да премине исклучиво на дигитални платформи. Авторот и водител Зоран Кесиќ се огласи на социјалните мрежи со емотивна и остра објава во која предупреди дека продолжувањето на емитувањето на телевизијата Нова С е во сериозна дилема, поради игнорирањето на новите сопственици на медиумот.

Нови сопственици на Н1 и Нова
Причината за неизвесноста е неодамнешната промена во сопственичката структура, како дел од која медиуми како што се телевизиите Н1 и Нова С, порталот и весникот „Данас“ и неделникот „Радар“ добија нови сопственици од Португалија. Иако тимот на емисијата потпиша договор за новата сезона уште во јуни, другата страна сè уште не одговорила.

Во својата објава на Фејсбук, Кесиќ, цитирајќи го текстот од песната на Амалија Родригес „Fado do Silencio“ (Судбина на тишината), ја опиша ситуацијата во која се наоѓа тимот пред закажаниот почеток на сезоната на 19 септември:

„Со зборовите од познатата песна на Амалија Родригес ‘Fado do Silencio’, ги запознаваме сите фанови на емисијата ’24 минути со Зоран Кесиќ’ со необичната португалска тишина што овие денови и во неделата не само што се надвисна над нашата емисија, туку и над судбината на ретките преостанати слободни медиуми во Србија.

Септември е и време е за новата телевизиска сезона „24 минути“, како што беше во последните 13 години. Новиот договор го потпишавме уште во јуни. Сепак, договорот важи само кога двете страни ќе го потпишат. Но од другата страна (португалска), како што би рекла Амалија – ‘Силенио’. Ниту пишуваат ниту се јавуваат.

Се ближи 19 септември, планираниот датум за почеток на новата сезона, а екипата на нашата емисија, и покрај сите напори, барања, повици и слушање, сè уште не може да добие одговор на едноставното прашање, дали ќе бидеме на телевизија или не. Дали новите сопственици потпишале договор или не“, објави Кесиќ.

Водителот нагласи дека новите сопственици претходно објавиле дека нема да подлегнат на политички притисок, па јавно ги повика да го прекинат молчењето и да соопштат дали се под какво било влијание.

И покрај недостатокот на официјален одговор од телевизијата, Кесиќ потврди дека екипата не се откажува од договорот со публиката. Новата сезона на емисијата „24 минути“ ќе започне како што е планирано, во сабота, 19 септември во 20,30 часот, но на официјалниот Јутјуб канал на емисијата. Емитувањето на телевизијата Нова С ќе зависи исклучиво од тоа дали португалските сопственици во меѓувреме ќе го потпишат веќе подготвениот договор.