Емирот на Катар беше во Прага, но набрзина си замина пред да почне Самитот
Тој требаше да биде оној кој ќе стои напред на самитот на Европската политичка заедница во четвртокот во Прага. Тој го отелотворува толку потребниот природен гас за Европа, на чии резерви буквално седи неговата земја. Станува збор за емирот на Катар, Тамим бин Хамад Сани, кој во средата беше во официјална посета на Чешка.Требаше да биде на самитот што почна денеска, но во средата вечерта набрзина си заминал од Прага.
Чешка си ги мие рацете. Неговото ненадејно заминување, наводно, оди на сметка на раководството на Европскиот совет. „Тој не сакаше да остане овде бидејќи од Брисел преку владината канцеларија дефинитивно му потврдија дека не може да биде соодветен дел од денешниот самит. Значи, тоа не е чешка работа, туку работа на Шарл Мишел (шеф на Европскиот совет), Емануел Макрон (француски претседател) и други“, изјави дипломатски извор за чешкиот весник „Лидове новини“, додавајќи дека емирот одлетал во Лондон, каде што има друга програма.
Информацијата ја потврди и шефот на одделот за надворешни работи на пртетседателската канцеларија Рудолф Јиндрак, според кого емирот не бил навреден и нема никакво влијание врз билатералните преговори што ги водел во Чешка. Се вели дека емирот бил ентузијаст за Прага.
На бриселското „не“, со кое наиде емирот свој зачин имал и Израел. Според информациите, во Прага во исто време со самитот на требаше да се одржи и Советот за асоцијација ЕУ-Израел. Сепак, конечно се одржа на крајот на неделата во Брисел. Владетелот на Катар, една од најбогатите земји во светот, во вторникот пристигна во Чешка, во средата разговараше со претседателот Милош Земан и попладнето со премиерот Петр Фиала. На средбата присуствуваа и неколку министри. Чешките политичари разговараа со емирот за економски прашања. Разговарале за можни испораки на природен гас за Чешка.