Емилија Потевска – Попивода на местото на Ориѓански во КИЦ во Тирана
Вршителот на должноста македонски амбасадор Луфтим Спахиу денеска оствари средба со новоименуваната директорка на Културно-информативниот центар во Тирана, Емилија Потевска-Попивода.
– Имавме срдечна средба со Потевска-Попивода, со која разговаравме, меѓу другото и за активности на КИЦ. Таа е прекрасна личност и голем уметник, од која очекуваме многу настани. Од мое и од име на вработените и посакуваме успешна работа, изјави Спахиу.
Емилија Потевска – Попивода е македонска пијанистка и професорка, позната по својата меѓународна кариера и придонес во класичната музика. Има настапувано на светски сцени, вклучувајќи ја Виена, Њујорк, Рим и Ванкувер. Нејзиниот репертоар често вклучува дела од романтичниот период, како и современи македонски композитори, со што го промовира македонското музичко наследство.
Таа доаѓа на местото на Златко Ориѓански, кој на оваа функција беше од 5 јануари 2021 година и беше прв директор на КИЦ во албанскиот главен град.