Емил Јакимовски доби година и осум месеци затвор и лекување во „Бардовци“

Поранешниот вработен во Централниот регистер обвинет за закани кон новинарката Мери Јордановска и загрозување на безбедноста на поранешната сопруга е осуден на казна затвор од една година и осум месеци затвор, но прво ќе оди на лекување во психијатриската болница во Бардовци.

Лекарот ќе утврди колку време Јакимовски ќе треба да помине во Бардовци, откако му било утврдено психичко растројство, па потоа ќе оди на издржување на казната затвор.

Пресудата ја донесе судијката Џанета Бегтовиќ. Јакимовски беше уапсен на 17 јануари поради закани кон Јордановска, новинарката Искра Коровешовска и директорката на Централниот регистар. Претходно Јакимовски имал условна казна за семејно насилство.