Еми наградите беа моден спектакл. Која позната дама доминираше?
Лос Анџелес – Најголемите ѕвезди од телевизискиот свет синоќа се собраа во театарот Пикок во Лос Анџелес на 78-то доделување на Еми наградите. Покрај добитниците на најважните телевизиски награди, големо внимание привлекоа и модните изданија од црвениот тепих.

Зендаја, Селена Гомез, Мариска Харгитеј и Никол Кидман беа меѓу ѕвездите кои особено се истакнаа со своите модни избори. На црвениот тепих доминираа елегантни вечерни фустани, впечатливи силуети и уште неколку смели изданија, а познатите дами избраа креации од некои од најпознатите модни куќи.









