Ембид и Дончиќ прогласени за најдобри играчи во декември во НБА


 

Најсилната кошаркарска лига на светот (НБА) ги прогласи најдобрите играчи за декември.

Во Западната конференција играч број 1 минатиот месец беше словенечкиот репрезентативец и член на Далас маверикс, Лука Дончиќ, а во Источната конференција е играчот на Филаделфија Џоел Ембид.

Дончиќ во декември му помогна на својот тим да дојде до 11 победи на 17 натпревари. Тој имаше просек од 35,1 поен, 9,3 асистенции и 8,5 скока по натпревар.

Филаделфија победи на 9 од 13 натпревари. Ембид имаше просек од 35,4 поени, 9,9 скока и 4,2 асистенции. з