Ема Стоун ќе ја глуми Круела де Вил


Култниот филмски лик Круела де Вил се враќа на големото платно, соопшти Дизни студио. Улогата и е доверена на актерката Ема Стоун. Според првата фотографија од филмскиот сет, која е споделена на социјалните мрежи, Стоун е во препознатливото издание на злобницата. Со црно-бела коса, облечена во црно, а со неа носи три далматинци.

Многумина го коментираа нејзиниот стил како панкерски, но засега не се знае дали ќе има такви новитети во приказната.

Филмот „Круела“ е своевидно парче од мозаикот за „101 далматинец“ во кој познатата негативка во 1996 и во 2000 година ја толкуваше Глен Клоус. Филмот се очекува премиерно да биде прикажан за Божик следната година.

Засега, познато е дека освен Ема Стоун во филмот ќе игра и Пол Њалтер Хос, Џо Фрај и Ема Томсон.

Приказната за жената која мрази кучиња и кои сака да ги убие е настаната за во 1956 година, напиша авторката доди Смит. Неколку години подоцна Дизни таа приказна ја претвори во анимиран филм кој стана светски хит.