Ема Корин вели дека во венчаницата на принцезата Дијана се чувствувала кралски


Англија-Кога минатиот месец падна првиот тизер за четвртата сезона на серијата наградувана со наградите „Еми“ „Круната“(The Crown), гледачите беа воодушевени од следното поглавје на монархијата: кралската венчавка на принцот Чарлс и принцезата Дајана.

Иако е краток, клипот е во фокусот на Дајана, која ја игра актерката во подем Ема Корин, во нејзината иконски невестински фустан по патеката до олтарот. Верзијата на фустанот на екранот е впечатлива реплика на оригиналот – тоа е така затоа што беа вклучени оригиналните дизајнери на фустанот на Дајана.

„Емануелс, кој го дизајнираше оригиналот, ни ги даде дезените, а потоа беше направен за мене“, изјави Корин за британски Вог. „Ја снимавме сцената кога првпат ја видовте во венчаница – мислам дека тоа беше Ланкастер Хаус во Лондон – и имав тим од 10-тина луѓе кои ми помагаа да ја облечам, бидејќи е масивна“.

Откако актерката се појави во неа , луѓето останаа без зборови.

„Излегов и сите целосно молчеа“, рече таа.

Корин носи голем број изгледи инспирирани од Народната принцеза, од ансамблот со розови точки на Дајана до сјајниот фустан кој го носеше за време на нејзината посета на Њујорк, но венчаницата најмногу го носеше духот на покојната принцеза и модна икона.

„Повеќе од што и да облечам во серијата, толку е … Таа е таа“.

Корин додаде дека со венчаницата се чувствувала кралски.

“Се чувствувам дека ја запознав Дајана како другарка. Знам дека звучи навистина чудно, но од неа добивам одлично чувство за друштво. “.

„Круната“  ќе биде премиерно прикажана на „Нетфликс“ на 15 ноември.