Ема Бројлс испиша историја на изборот за Мис Америка за 2022


САД– Мис Америка за 2022 година Ема Бројлс влезе во историјата на повеќе начини со нејзината победа. 19-годишната Бројлс беше крунисана во „Мохеган Сан Арена“ во Ункасвил, Конектикат, на 100-от избор за Мис Америка.

Таа е првата Мис на Алјаска која стана Мис на Америка, како и првата Американка со корејско потекло која ја носи титулата.

Бројлс, која студира биомедицински науки и гласовни перформанси на колеџот Барет Хонорс на Државниот универзитет во Аризона, за Инсајдер изјави дека е особено горда што е првата Американка со корејско потекло која станала Мис Америка.

„Тоа е нешто што се надевам дека ќе ги инспирира другите млади жени и мажи ширум земјата кои можеби не виделе луѓе што личат на нив на позиции како Мис Америка“, рече таа.

Бројлс, исто така, рече дека мисли дека нејзината победа укажува на „позитивната промена“ што организацијата Мис Америка ја направи во последниве години.

„Мислам дека фактот што сум Американка со корејско потекло и ја доби титулата Мис Америка е целосно репрезент на позитивната промена на оваа организација“, рече таа. „Мислам дека ова е организација која е неверојатно прогресивна, а ние сме прогресивни заедно со промените што ги гледаме и во општеството.

„Имавме толку разновидна група на Мис Америка во изминатата деценија, па дури и само во првите 10, таа беше неверојатно разновидна“, продолжи таа.

Бројлс, исто така, изјави за Инсајдер дека и е мило штона изборот повеќе нема парада во костими за капење.

“Не е важно како изгледате. Не е важно какво потекло имате. Не е важно кого сакате. Ништо од тоа не е важно”, изјави Бројлс за Мис Америка денес. „Она што е важно е кој сте како личност, кој сакате да бидете и каква промена сакате да направите во светот.