Елена Ристеска: Убаво е да си русокоса


Eлена Ристеска од бринета стана русокоса, во дуетската песна со нејзината колешка од Србија, Данијела Кариќ. Елена и Данијела имаат исти коси во спотот за песната „Срца се погреше“  кој се промовираше за регионалниот музички пазар.

Фановите на социјалните мрежи коментираа дека новата боја одлично ѝ стои.

Музиката и текстот за новата песна на Елена и на Данијела е на Александра Милутиновиќ, аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров.

Спотот е снимен во Белград, со познати танчари како гости.

Девојчето со доколенките на почетокот на кариерата, со црно-бели фустанчиња од спотовите и со бела бундичка од фотосесиите, денес е поп-ѕвезда, фам фатал, сам свој шеф, со тим од 15 луѓе зад себе. Елена е топ-тема и со професионалниот и со приватниот живот, активна на социјалните мрежи, дефинитивно посилна од порано. Вели, меч со две острици е да си ѕвезда во Македонија. Ужива да биде блиска до народот, на сцената ја остава душата, но нејзината мисија е да ги прави среќни луѓето. Нејзините цели во моментов се во балкански размери и експерименти за надвор од Балканот.(Л.С.)