Елена Ристеска е најдобар претставник на македонската култура: Турција, благодарам


Поп-ѕвездата Елена Ристеска паузира од домашната музичка сцена, ама е омилена во регионот. На социјалните мрежи сподели фотографии од фестивал одржан неодамна во Истанбул, насловен како „Best of Rumeli“.

На Елена ѝ беше врачена наградата за „Најдобар претставник на македонската култура во светот“.

„Благодарам, Турција за оваа драгоцена награда, ми значи премногу. Можеби наградите не значат многу во однос на музичкиот успех, но кога ќе ги погледнам сите награди на мојата полица, сфаќам дека тие покажуваат колку сум постигнала во мојата 20-годишна кариера. Одлично е чувството :)“, напиша пејачката во Инстаграм објавата.

Елена на настанот се појави во асиметрична креација во златна нијанса, за која како вели во објавата, заслугите одат кај Мерсиха Казим.

Сцената ја делела и со познатата босанска пејачка Ханка Палдум, од чија личност и енергија била воодушевена.