Елен Деџенерис: Како комичното шоу се претвори во токсично


САД- Славната водителка и комичарка Елен Деџенерис со месеци ја обвинуваат бившоте и сегашните вработени дека неправедно им доделила откази, им ги намалила платите и дека атмосферата во нејзиното шоу е токсично.Елен, се негира, но нејзините вработени не престануваат со обвиненијата.

Продуцентот Леман (во средина)

Највеќе обвинувања се врзуваат за продуцентот Кевин Леман кој наводно редовно сексуално ги злоставувал вработените на разни начини.

Леман, која за шоуто на Деџенерис работи 17 години тврди дека никогаш никого не напаствувал и дека знаел да се пошегува зашто тоа му било во описот на работата.

„Првиот ден кога шоуто стартуваше им реков на сите дека сакам ова да биде место на среќа, без повишени тонови и дека се треба да се третира со почит. Очигледно нешто се променило и силно сум разочарана, изјави Елен.

Нејзината сопруга, Портиа де Роси се обрати во јавноста и застана на нејзина страна.

И  WarnerMedia почна внатрешна истрага што се случува во шоуто на Деџенерис, а таа изјави дека е подготвена да ја запре емисијата.