Елен Деџенерис е позитивна на коронавирус


САД– Водителката на популарно ток- шоу „Елен“, Елен Деџенерис откри дека има позитивен тест за коронавирус, но се чувствува добро. Американската комичарка (62) на Твитер напиша дека биле известени сите нејзини блиски контакти.

„Сакам да ве известам сите дека имав позитивен тест за Ковид-19. За среќа, сега се чувствувам добро “, стои во објавата на Твитер.
Летово славната водителка и комичарка ја обвинуваа бившите и сегашните вработени дека неправедно им доделила откази, им ги намалила платите и дека атмосферата во нејзиното шоу е токсично. Елен, се негираше, а и нејзината сопруга Портиа де Роси застана во нејзина одбрана.