Ел Чека до Заев: Ќе се вратам во Македонија само на суд со тебе


„Бомбашот” Ел Чека на неговиот профил на Фејсбук е активен речиси 24 часа. Во секое време објавува нови бомби. Вели дека не се плаши од тужбите. На последната објава му се обрати и на премиерот Зоран Заев:

„Поздрави до вас премиере и на оние кои живеат таму и гласаа за тебе. Што се однесува до тужбите што се подигнаа против мене поради објавувањето на некои од прислушувањата на твоите колеги од владата, јас сум подготвен да се вратам во државата што вие ја крадевте од нас и да излезам пред правдата, но под еден услов: Ако и двајцата седнеме пред судот ,бидејќи и двајцата сме го сториле истото злосторство, пред неколку години вие, а сега јас! Ако сакаш да си играме тогаш да почнеме да играме, бидејќи мојот тренер има тактика што не знае за загуба! Бог да ја благослови Америка”, напиша Чека.