Ел Чека бара Села и Касами да ги предводат протестите против Ахмети и Заев


Кичевецот Шекерин Ахмети познат како Ел Чека на еден од неговите профили на „Фејсбук“ информира дека на 26 јули пред седиштето на владата во Скопје ќе се одржи протест „комунистичката власт“ во земјава. Неговите поддржувачи ги повикаа лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села и Билал Касами да го предводат народот.

Ел Чека месециве објавува „бомби“ против ДУИ, поради што против него е поднесено обвинение, но тој е во САД. Тој бара меѓународна истрага за настаните во кумановското Диво насеље, заканувајќи и се на владата на Заев дека ќе зажали доколку не го направи тоа што го ветуваше пред да дојде на власт.