Еквадорецот Паез испиша историја, постигна гол со 16 години и шест месеци


 Еквадорскиот тинејџер Кендри Паез стана најмладиот фудбалер во историјата кој постигнал гол во мундијалските квалификации во јужноамериканската зона.

Еквадор синоќа триумфираше на гостински терен над Боливија со 2-1, а воведниот гол за гостите го постигна Паез во 45 минута.

Со тоа играчот на Индепендиенте дел Вале влезе во историјата како најмлад стрелец во јужноамериканските квалификации со 16 години и шест месеци.

Актуелниот светски првак ја продолжи победничката серија совладувајќи го Парагвај во Буенос Аирес со 1-0, во натпревар во кој Лионел Меси влезе на теренот во второто полувреме и два пати ја погоди стативата.

Бразил на домашен терен освои само бод против Венецуела (1-1), додека Чиле со 2-0 беше поуспешен од Перу.

Табела:

Аргентина 3 2 0 0 5:0 9
Бразил 3 2 1 0 7:2 7
Колумбија 3 1 2 0 3:2 5
Уругвај 3 1 1 1 6:5 4
Чиле 3 1 1 1 3:3 4
Венецуела 3 1 1 1 2:2 4
Еквадор 3 2 0 1 4:3 3
Парагвај 3 0 1 2 0:2 1
Перу 3 0 1 2 0:3 1
Боливија 3 0 0 3 2:10 0.